ЕСТЕТИКА  НА КУЛТУРИТЕ

Гранада

Гранада е уште еден андалузиски град, кој плени со природната убавина. Местото било населено уште во праисторијата, а Римјаните го колонизирале. Во 8 век дошле Арапите и 7 века создавале историја, култура и традиција. Гранада бил последниот маварски град, освоен од христијаните. Маврите бегале од сите краишта. Се концентирале и создавале уметност, архитектура, трговија… “Цветала” со династијата Насрид, благодарение на трговијата со злато и свила, кревајќи импозантни палати.

Разгледот на градот треба да се истражува пеш, бидејќи така најубаво се доживува. Сместен е во подножјето на планината Сиера Невада. Затоа привлекува бројни туристи. Заштитен знак на градот е калинката. Најзначајната атрација е комплексот Алхамбра со палати и дворови. Сетилата да го доживеата треба да се набават онлајн влезници кои се бараат најмалку два месеци порано.  Во Алхамбра се доживува автентичниот дух на градот. Тоа е комплекс од палати со градини од 13 век. Името доаѓа од  арапски збор, што значи црвена, бидејќи е градена од цигли. Се темели на богата историја со длабоки корени од муслиманската историја на Шпанија. Изградбата  ја “тргнала” Нарсид династијата на муслимански владетели. Сместена високо на ридот, имала стратешко значење низ историјата. Прво била одбранбена тврдина за заштита. Подоцна се трансфорирала во комплекс од палати и градини. Откако католичкиот монарх  Фердинанд со Изабела го освоиле градот, Алхамбра станала сопственост на шпанската круна, која вложувала во модификацијата. Затоа е видлив различниот архитектонски стил. Палатат Насрид и Генералифе се во срцето на комплексот. Таа се пример од исламската архитектура, во кој се чувствува духот на старите времиња. Генералифи е комплекс на градини, фонтани со палата надвор. За прошетка се потребни повеќе часови во кои се враќа минатото со воодушевување од деталите. Незаборавни се богато украсените ѕидови, пространите дворови, големите градини, фонтаните, водоскоците и аркадите. 

Патот води од другата страна за комплексот Сакрамонте. Името го добил по пронајдените реликвии кои се чуваат во манастирот на врвот. Оттука името “свет рид”. Таму се белите куќи вклопени во пештери, кои ги граделе Маварите да штитат од жешко или од ладно. Сега тука живеат Роми.

Потаму е населбата Албасин. Најстара во Гранада со тесни калдрмисани улички. На  врвот е црквата Св. Никола, со панорама на  Алхамбра. Се гледаат остатоци од маварски дворец со утврдување и капија. Тука пред 7 век имало преку 30 џамии. Останале само остатоци и една помала џамија. Прошетката е ќеф. Продавниците се полни со сувенири и текстил. До нив се малите ресторанчиња. Надолу кон центарот наѕираат катедралата и кралската капела.

Катедралата е ремек дело на шпанскиот барок стил. Градена е многу години во центарот на некогашната муслиманска област, на местото на некогашна џамија. Објектот е грандиозен со високи тавани и однадвор декорирани столбови. На аголот е капелата со останките на кралот и кралицата. Од другата страна е Мадразата…

Со храна во традиционален ресторан со гранадските специјалитети и вкусови полека завршува еден убав ден во андалузиска Гранада.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading