Бекет и Пинтер

НУЦК “Марко Цепенков” – Процеп во процес 7

Седмата панел дискусија од проектот Процеп во процес, посветена на Бекет и Пинтер и за актуелноста на театарот на апсурдот, ќе се одржи на 29 април во фоајето од ЦК “Марко Цепенков”. За овие прашања од драматуршки, семантички, но од аспект на преводот на драмските дела на театарот на апсурдот на македонски јазик, ќе говорат драматургот и преведувач Лидија Митоска – Ѓорѓиевска и книжевникот и преведувач Марио Стојаноски. Модератор ќе биде Александар Еленин.

– Она што некогаш беше филозофски пристап и концепт на драмската и театарската уметност кон реалноста преку акцентирање и актуелизирање на егзистенцијални прашања и ситуации, денес е претворено во гола реалност на актуелното општество и устројство на светот. Воведната, “Не може ништо да се направи” од “Чекајќи го Годо”, од семантички и повеќеслоен симбол на “удобната изгубеност” на драмскиот лик, стана сурова реалност на актуелниот субјект која ги дефинира животите во општествен контекст. Некогашната поента да е мачно и апсурдно до степен на комично, денес таа апсурдност во голема мера го дефинира нашето постоење во еден веќе нефункционален систем кој едновремено го глорифицираме. Оттука, повеќе од длабоко потребно е ова живо реактуелизирање на филозофската димензија на апсурдот и уметничката манифестација преку драмската уметност во, наш, локален контекст – велат од Центарот.

Loading