Кој спие на уши не е подготвен да ја чуе вистината.
*
Кога парите ќе ги заслепат луѓето тогаш е слепо и целото општество.
*
Ставеното под тепих може да се запали и од таван.
*
Само криминалот цвета во секое годишно доба.
*
Со перењето настанува и трулеж на мозокот.
*
Некому траба ресет, некому рестарт, а некому дури и ренесанса.
*
Со туѓи очи гледаш туѓ свет.
“Д-р Хаџи-Васков”