Изложба
Сограѓанката Верче Николоска ќе го претстави уметничкото творештво со 22 дела во акрил на платно, создавани повеќе години, на 24 април од 19 часот во ликовниот салон од ЦК “Марко Цепенков”. Ќе бидат изложени и пет дела од малата внука Теона, која пројавува интерес за уметноста. Изложбата е насловена “Траги од времето”. Таа ги изразува креативните пориви во повеќе техники, цртеж, графика, колажи…
– Делата се апстракции на кои ги пренесувам моите чувства, визии за уметноста, бидејќи живеам за уметноста – вели Николоска.
Последните 25 години постојано се надоградува, а слика од детска возраст.
– Апстрактниот ескпресионизам најмногу ми лежи, иако работам и други мотиви. Освен колажите, цртежите и графиките сум создала и дела од глина – додава Николоска, која досега зад себе има шест самостојни изложби.
Оваа í е трета во Прилеп. Учестувала на бројни ликовни колонии. Член е на ДЛУП.
![]()

