Фудбал: Победа
Беше 24. коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Во Новаци, Новаци – Победа 0:0. Меч без голови, поделба на бодовите. За Победа, ова е вреден бод за враќање на расположението, по поразот дома од неготински Вардар. Претстои меч дома, в сабота од 16 часот, со Саса. Тој е можност за успешна серија од барем 4 меча. По ремито со Новаци и претстојниот дуел со Саса, на ред е гостување кај последното Вардарски и дома со загрозеното Осогово.
Табела: Македонија ЃП и Башкими 53, Арсими 51, Брегалница 48, Детонит 36, Беласица и Охрид 35, Скопје 34, Кожуф и Саса 32, Вардар Н. 27, Новаци 25, Победа 24, Осогово 18, Борец 13, Вардарски 11.