Прилеп издржува на врвот

Ракомет

Се одигра 3. коло од плејаутот на Супер лигата. Во таа рамка, Куманово – Прилеп 26:26. И сега екипата Прилеп остана непоразена, третпат во оваа фаза, бидејќи претходно беа победите дома со Борец и Пролет. Најефикасни беа Давид Димевски со 8, Лука Матачиќ и Дарио Симоноски со по 5 гола (Куманово), Христи Бикоски и Томислав Квастек со по 6, Денис Шабановиќ со 5 гола (Прилеп).

Прилеп дома одигра со Радовиш, во дуел каде беше фаворит, така што со евентуаална победа без пораз е задржувањето на врвот од табелата.

Во плејаутот од Женската лига беше пауза. Водечката на табелата Деспина следниот меч го има на 24 април во Скопје, со МРК Ѓорче Петров.

Loading