ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (285) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Веселбата е почната повеќето од младите девојки облечени во новата носија, во роби. Фатени на ората со весели песни и ситни ора брзи за рака, голема веселба како за ораџите, така и за сеирџиите. Наредниот ден во понеделникот, на вториот ден на Велигден, тројцата марулски младинци Василоски Китан осумнаест годишен, Јованоски или Јанкоски Трајче деветнаесет годишен и свирачот Ристески Нацко Мурџески ќе одат на предвојничка обука две седмици во с. Ротино, битолско.

Некаде околу 14 саатот пладнина народот на средселото почна да стреолуши и шушка да Павлеска Игнева Верка осумнаест годишна се омажила бегалка за Јанкоски Крстев Трајче, деветнаесетгодишно момче, отишла бегалка над лозјето Димитријоско по река со Трајче, право кај Крстевци. Народот за да се увери го напуштија средселото, дојдоја на патот до под Мурџески Мите односно до корзото. Настано се потврди, повеќето се вратија да е продолжат прославата на средселото.

Насобраните луѓе на средселото кога е разбра вистината за младите Верка и Трајче почна со честитање едни со други. Така да таткото Игне и неговиот Јованче Павлески честитањето го прима со малце коментирано од страна на родитело Игне кој рече, ќерка ми Верка малце погреши неразмислено, сепак тоа е нејзина работа. Ние со братов Јованче уште живееме во заедница, таа ги пререди нејзините постари братучетки Спасија и Горица. Ако таа сакаше да се мажи, ние ќе е омажеме со свадба, а не вака на диво. Сепак, Игне и Јованче ги прима упатените честитки од честачите, ги советува човекот се раѓа со времето сам си одлучува за животот. Павлевци е знаеа фамилијата Крстеска да се добри, мирни домаќини. Важно е Верка си погоди домаќинска куќа.

Во истото време за честитањето на павлеските домаќини на Игне и Јованче се примеша со честитање Здравески Атанас со сопругата му Атанасица Илинка кој се на пат за кај младоженците Трајче и Верка. Атанас и Атанасица – Илинка откако завршија со честењето рече, сега Илинка моја одиме на честење кај Јанкоски Крсте да му е честитаме нивната радост. Дуна свекрвата ми е прва брачеда од вујко Ристе Мамалигоски од с. Мојно, брат на мајка ми Чона.

Дуна брачеда ми останала сирачка од мало дете е присвоена од брачниот пар Петре и жената му Петрејца Темјана Павлески. Темјана родена Најдоска Бешлакоска од с. Подмол на кој не му траеле децата. После присвојувањето на малата Дуна му се родиле две деца Ванчо и Трајанка. Четворицата Павлески браќа Стојан, Јован, Петре и Тасе се од татко Павлески Анѓеле и мајка Маркоска Менка од с. Ношпал.

Додека, на синот на Јован Трајан Павлески му умре жената Трајаница Срма родена Кржеска од с. Подмол Трајан се преженува за вдовицата Иваноска Трајаница Цвета Макалоска од с. Г. Коњари со две деца сирачиња, Јованче 1919 и Игне 1921 Макалоски. Јованче и Игне растат, се удомуват, стварат фамилии кај Павлевци, не се никаква крвна рода со свекрвата Дуна. Тоа мене ме прави ближен со двете Павлески куќи. Младоженците не се никаква крвна рода меѓусебе, даде објаснување Атанас Чонески и замина со жената му Илинка кај Крстевци да му честита за женидбата на Трајче со Верка Павлеска.

После настанот со  женидбата на Трајче со Верка свирачите и омладината отидоја кај Крстевци на честење и таму останаја. Поради сонцето, се поднавали назад од народот од средселото си разотиде дома. Но, кај Крстевци се разви вистинска веселба. Младешот е наполни куќата. За кратко време сите Крстески роднини дојдоја од деленици и други роднини некаде се дваесет куќни роднини имаше присутни луѓе. Павлеските ванчовски Аце и Мирко закла две јагнина и два петли за ноќна вечера на гостите. Музиката трешти, веселбата траеше до касно во ноќта.

Во понеделникот утрото на вториот ден Велигден Василоски Китан отиде за прв пат за на предвојничка обука во с. Ротино, битолско, Трајче и Нацко не отидоја. Преку денот на средселото веселба имаше свирачите беа присутни. После пладнина во квечерината свирачите и повеќе младинци замина на гости на Велигден во битолското село Алинци кај Паламидовци кај браќа е на Ванчојца Мара, сна на Нацко за брато Ванчо. Нацко со него поведе повеќемина марулски другари на гости во с. Алинци. Поред свирачите Нацко, Петре Мурџески и Симон Чонески во придружба им беа Бошески Трајче, Колески Благоја, Митрески Благоја Мурџески и Павлески Коле. Денот свирачите го помина убаво без конкуренција од други свирачи. Тој ден за марулските свирачи беше за прв пат свирење надвор од с. Марул.   

Продолжува    

Loading