Катче од Прилеп во 70-тите години. Дел од прилепските колоритни дуќанчиња околу хотел Скопје, од Музејот 11 Октомври – Участакот до некогашната автобуска станица.
Прилепчани и луѓето од околните села ја паметат слаткарницата Шар, која живееше. Од ум не се вадат слатките, бозата и лимонадата, оти мемеа со поглед турските баклави, шеќерпариња, индијанки и торти. Некои правеа и “трки” во количества изедени шампити за одредено време.
Покрај бисер од три – четири продавници кон автобуската, потоа продолжувале куќите во постар стил. На аголот простран двор со метална капија. Тоа бил стар ан, кој последниве години ја подотвори душата. Во сивата зграда до него била стара пошта. И таа интригира. Била просторија запоседната од државното правобранителство.