Заборавете на болките во нозете кои приковаат за креветот. Еден природен лек е тајно оружје против реума, шилци и зглобни болки. Со моќта на домашна ракија и внимателно одбрани состојки, овој надворешен еликсир ветува олеснување за само десет дена. Тој враќа на нозе и создава чекори без болка.
Потребно е литар домашна ракија (околу 50 степени),3-4 гранчиња рузмарин (20-30 см), 10 издробени апчиња аналгин, 10 издробени апчиња ацетисали 5 грама ментол кристали. Во шише се тура литар домашна ракија. Се сечкаат гранчињата рузмарин на помали парчиња и се ставаат во ракијата. Се дробат 10е апчиња аналгин и 10е апчиња ацетисал во прав и се додаваат во шишето. И се додава ментолот во кристали. Шишето се протресува да се измешаат состојките. Се остава на прозорец, на светло, не директно на сонце, да стои 30-40 дена. Секој ден се протресува. По 30-40 дена, еликсирот е готов.
Се употребува со нанесување на мала количина на болните места (нозе, раце, грб, зглобови) со нежно масирање. Па се облекува топло, а местото се завиткува со волнен шал, компресивен завој или топла облога. Пожелно е да се користи пред спиење, кога телото се одмора и закрепнува. Се мачка 10 дена за целосен ефект.
Со лековитите својства на рузмаринот се активираат иинфламаторни и аналгетски дејства. Аналгинот и ацетисалот ја засилуваат борбата против болката и воспалението, а ментолот создаваат пријатно ладење кое преминува во топлина, стимулирајќи ја циркулацијата и релаксирајќи ги мускулите.
Се ублажуваат реуматските болки и шилците, враќајќи ја подвижноста.