АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Само неодговорни може да поставуваат неодговорни на одговорни места.

*

Правилното работење зависи пред се’ од моралот на вработениот.

*

Долги прсти не се за плитките џебови.

*

Купените медиуми не’ ловат во своите мрежи.

*

Кога има дивеење нема владение.

*

Технологијата треба да ја користиме како алатка и со ум, а не таа да не користи нас.

*

Кој игра по туѓи ноти сигурно ќе биде изигран.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading