Во дворот на една селска куќа седат петелот, мачорот и кучето.
Петелот вели:
– Доста ми е од сé. Утре ве будам за последен пат и си го фаќам патот. Кокошки повеќе нема, храна нема… нема зошто да седам повеќе јас овде.
Мачорот:
– И мене ми е доста од сé. Газдите ја продадоа кравата, ни млеко има, ни сирење. Ни за мене нема живот повеќе овде. И јас утре си го фаќам патот.
Кучето ги гледа и срамежливо вели:
– Јас ќе останам уште една недела…
– Зошто? – прашуваат мачорот и петелот.
– Па вчера ја слушнав газдарицата како му вели на газдата:
„Ако и следнава недела не донесеш плата, ќе му го лапаме на Шарко”. Е па јас си велам да почекам.