Фудбал: Победа
Неуспешен обид за поврзување три успешни пролетни меча на Победа. Изгледаше лесно, излезе дека не е баш така. И се случи изненадување. Прилепскиот тим дома дозволи да биде совладан со 0:1 од неготински Вардар. По многу домашни напаѓачки акции и неискористени шанси, гостите дадоа гол преку Ѓорѓи Шишков во 63. минута. Големо разочарување во прилепскиот табор, бидејќи поразот придонесе за пад на табелата. Сега Победа е само место погоре од бараж-местото. Сепак, разликата со подолното Осогово е уште големи 6 бода. Расположението може бргу да се врати по утрешното гостување во Новаци. Да се земе барем бод што не е неможно и пак да има добра атмосфера спроти следните предизвици, како што е мечот дома со Саса.
Табела: Македонија ЃП 52, Башкими 50, Брегалница 47, Арсими 45, Охрид 35, Скопје и Беласица 34, Детонит, Саса 32, Кожуф 31, Новаци и Вардар Н. 24, Победа 23, Осогово 17, Борец 10, Вардарски 8.