Џудо
На државните првенства за пионери и сениори уште еден блесок на ЏК Сеишин. Клубот со 25 учесници освои 21 медал (10 златни, 6 сребрени и 5 бронзени). Се покажаа пионерите, со 7 златни и 4 сребрени медали. За златата се изборија: Ангел Стојовски, Марко Марковски, Дино Кулевски, Ратко Ацески, Арсениј Димески, Матеја Николоска и Дила Пупаловиќ. Сребрените медали се за: Елдина Пупаловиќ, Јована Цветкоска, Марио Конески и Владан Стрезоски, Со овој биланс Сеишин е најдобар во државата кај пионерите.
Успешни беа и сениорите. Освоија 3 златни, 2 сребрени и 5 бронзени медали. Златата им припаднаа на: Христијан Стојковски –Кико, Михаил Стојановски и Кристина Мантароска. Сребрата се награда за Александра Најдоска и Теодора Илиоска. За бронзите се изборија: Тамара Илиоска, Мартина Јанкоска, Стефан Талески, Антонио Талески и Никола Магдески.
Настанот беше во Скопје, во организација на ЏФМ и клубот Радишани,