Кадица и Гарван се лидери

Фудбал: Општински лиги

Дербито од 9. коло на А-групата на Општинската фудбалска лига на ОФС Прилеп го доби лидерот на табелата. Во Забрчани, Кадица – Млекар (Мало Коњари) 1:0. Стрелец е Бобан Крстески во 65. минута. Овој тим, Кадица продолжи со серијата победи, така што досега ги има сите осум меча во своја полза, ниеден пораз ниту реми. Еве уште два резултата: Прилеп сити – Корзо 0:5 и Стрела – Напредок 6:1,

Табела: Кадица 24, Стрела 16, Млекар 15, Козара 10, Корзо 7, Напредок 2, Прилеп сити 1.

По одиграните два меча од Б-групата во Општинската лига на ОФС Прилеп настана смена на врвот од табелата. Наместо Кадино, лидер сега е Гарван Десово. Така е затоа што Кадино беше слободно во ова 9. коло, а Гарван на гости со 5:1 го совлада Пролетер во Прилеп. Друг резултат: Братство – Боротино 1:0, а Црвена ѕвезда – Динамо на 16 април.

Табела: Гарван и Кадино 19, Црвена ѕвезда 14, Братство 10, Динамо 9, Пролетер 3, Боротино 1.

Loading