Ракомет
Екипата Прилеп одлично тргна во плејаут-фазата. Прво се сретна со Борец, кого дома го совлада со 28:21. Стрелци: Денис Шабановиќ 6, Христи Бикоски и Томислав Квастек по 5 гола. И вториот меч Прилеп го одигра дома, со Пролет, над кого забележа триумф од 23:20 Мошне вреден, ако се знае дека Пролет е со ист број бодови и подобра гол-разлика. Беше едно место над Прилеп во основниот дел од првенството. Најдобри стрелци: Христи Бикоски и Никола Цветаноски со по 6 гола. Викендов е третиот меч дома, со Радовиш.
Табела: Прилеп 6, Пролет 5, Куманово 4, Борец и Струга 3, Радовиш 0.
Во женскиот плејаут Деспина загуби дома од Овче Поле (Свети Николе) со 22:23, но успеа на гости да го совлада Спартак во Скопје со 33:31. На овој дуел Евгенија Цаневска даде 6, Мери Конески Гичева 5 гола. Следниот ривал е МРК Ѓорче Петров во Скопје.
Табела: Деспина 11, Пелистер 9, Спартак и Овче Поле 8, МРК Ѓорче Петров 6, Стружанка 3, Шампион 0.