Се извишила високо велелепната црква Св. Преображение крај реката во близина на Стара црква. Зрачи од убавина, изразит архитектонски зафат и е богат духовен извор. Прилепчани ја викаат “грчка црква”. Веројатно, зашто на времето, Грците биле главни донатори и “цутела грчката пропаганда”.
Кубури години мирисот на древност. “Пподнашминкана” денес дава посебен шмект на амбиенталните нитки. Дверите í се дрвени со главна порта и помошно вратниче. Ја “нагазиле” разни војски. Прикажаниве војници веројатно се бугарски. Пред портите неколку минувачи или верници со бастунчиња “цупкаат” по прашливата улица пред црквата.
Црквата сега е разубавена, уредена, со свои верници, кои ги посетуваат службите. Направена е нова камбанарија.
Порано црквите биле места преку кој се ширеле разните пропаганди на државите.