Неморални луѓе не можат да бидат добри работници.
*
Не може да си некој ако не си со никој.
*
Се’ ќе си дојде на своето, само не се знае за која генерација.
*
И во “оазата на мирот” мора да има војна – против корупцијата.
*
Зборот слобода не значи ништо ако само се изговара.
*
Фирми кои се занимаваат со копање не би требало да имаат врски со подземјето.
*
Кога се зборува за иднината, се’ почесто се зборува за старите добри времиња.
“Д-р Хаџи-Васков”