ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (284) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Исто така, таа истата година марулци патот го направија од реката кај каменот, клино, лозница под село до василичината ограда, заеднички. Кај василичината ограда подсело, патот се дели во два правци. Еден правец води нагоре до средселотото кој му служи на двете маала, Западно или Прва бригада и на Средно маало, Втора бригада. Додека овој пат кој води за во Јужно маало, Трета бригада го користа три куќи од Западно маало се Петрески Алексо Бабјак, Петрески Ванчо Бабјак, Ристески Тане Танески и од Средно маало се Јованоски Алексо, Ванѓел, Димитрија и Душан, сите се Куреловци, сите секогаш биле активни за поправка на патот.

Некогашните млади атеисти, за време на нивното школовање, мрсејќи во божикните и велигденските пости, сега не се исти, имат подруга мисла и култура во нивното сваќање и однос. Тогашното сваќање му е изоставено, сега повеќето се млади овчарчиња кои се вклучени во разни игри преку денот. Три врсти дами, не лути се човече, котка фолклоре свирено од новиот свирач Нацко. Тоа беше голема група од овчарчиња кои имаа меѓусебни контакти. Петрески Нацко и Петре Мурџески, Јанкоски Атанас, Ванѓел, Ванчо, Трајче, Митрески Коста Мурџески, Мојсоски Цветан Колески, Павлески Павле Ванчоски, Ризоски Драган Бошески, Јовчески Томе Велјаноски, Ристески Спасе Танески, Јованоски Данчо Јоноски, Василоски Спасе Танески, Јованоски Данчо Јоноски, Василоски Китан, Велјаноски Методија Танески. Тие се истите кои правеа веселба навечер со музика на сред селото со музиката од Нацко и Петре Мурџески. Сите овие момчиња се испод 20 годишна возраст.

За денот Маченици познато како Мученици или 40 Младенци во 1959 година Мурџески Нацко ги дотера неговите овци кај црквата да му ги пасиме тој ден со Илијоски Јанкоски Ванѓел поради тој бил повикан од Чоневци да одат во с. Штавица да гледат еден кларинет за Симон Чонески. Нацко нас ни ги остави овците и замина со Чоневци Симон, татко му Атанас и баба му Менка, мајка на мајка му на Симон и замина за с. Штавица.

Одењето во Штавица беше кај Јолески Борис за да го видат еден кларинет кој се продавал. Кларинето го виделе и го пазариле левак од групата Ц со сите механизми на него за 5 000 динари. Со тоа во Марул зголемија на број два кларинети. Симон со кларинето идеше секоја вечер на собирот на сред селото каде имаше секоја вечер музика, веселба поред Нацко и Петре, Симон слушаше и тренираше ако во случај времето не одговара, собиро беше празен.

До крајот на 1956 година во Марул имаше само два велосипеди. И тоа, Павлески Петрев Ванчо познат како Ванчо Ловџијата. Ванчо велосипедот го купил од нивната венчавка со сопругата му Васка Стојанова Василоска марулчанка во 1928 година.

Во есента во 1948 година Ристески Ристев Китан Јанкоски се оженува за Грданоска Мирчева Милица од с. Добрушево. Китан и Милица сега Китаница со собраните пари од венчавката и свадбата од собраните пари на таа церемонија во нив и првичината, купија велосипед.

Во пролетта 1957 година Димоски Драган, домазет од Бонче за Најденка Богданоска Јанкоска, купе нов велоспипед. Во летото во 1958 година служителот во училиштето Новачески Јован купе нов велосипед за полесно и побрзо совладување на сите негови потреби до поштата и месната заедница за до с. Канатларци.

Пред договорите со тутунот во 1959 година почна да прозрнуват повеќе велоспипеди во Марул. За прв пат во 1959 година селскиот одборник Јовчески Ванѓел за прехрана на житната сеидба за преку зимата донесе една запрежна кола со вештачко ѓубриво. На пластичните вреќи пишеше Маде ин Америцано. Со времето и навика кај народот ѓубриво почна да се употребува за сите земјоделски производи за прехрана и квалитет на производот.

Наближуват деновите за Велигден, се појави нова мода на облека меѓу женскиот пол, кај девојките. Место да се продолжи кај женскиот пол со минатогодишната модна носија, се преименува во новата женска носија викана женска роба изработена од шнајдерите односно терсиите.

Материјалот за новата носија (роба) беше фабричен лито како изразено во народо. Бојата беше темно кафеава или по старо речено ѓувезна. Над долниот крај на робата наоколу имаше сошиено две тантели светликави, исто така на ракавите над прстите наоколу имаше шиено тантеличка на расцепот на наградите имаше шиено тантели или патлики, робата беше со затилок, набор накитена појадро. Оваа мода на облека не се одржа подолго време.

За кратко време оваа модна облека беше заменета со штофени фабрички костумчиња порачано преку приватните шивачи, палто и сукна или цел фустан со кратка коса направена на фризер и саатче на рака. Робата беше прифатена од постарите жен ии за кратко време селската везана носија исчезна, ние овде зборуваме за во Марул.

Во саботата пред Велигден е последниот надеж ден за купување нова руба за денот велигден. На тој саботен предвелигденски ден, битолско мариовскиот и битолско пелагонискиот пат се спојуват за Прилеп и обратно, се спојуват во местото викано Ушите марулски.

Верувајте изгледаше зацрнето од народ како мравји пат како да се оди на теке или назад од теке. Во селото се е весело, чад излегува од секоја куќа. Колку што се домаќинства, толку се и жртви јагнина. Се припремат месени работи за в црква во наредниот ден. Исто така, се припремат разни мрсни јадења од јагнешките меса, чорбесто, печено, супи за да се прекрши седум неделниот пост се варат бојадисани велигденски јајца. Ќе се вапцуват повеќе јајца отколку што ќе се изедат, таков е обичајот, сета ова сила ќе се покажи на велигденските денови. Помеѓу кокошкините јајца ќе има и јаребички јајца кои се поцврсти во борбата према кокошкините. Ќе има и фалск од гипс, затова доваѓа и до плачки кој е губат борбата поготово до тоа доваѓа кај малите деца.

Дојде и денот Неделата, сончев ден за Велигден, прв ден во 1959 година. Народот утрото по гласот на црквената камбана од двата правци од селото се приближува со црквените полни кошници за задушница према црквата. Притрупот на црквата Јовчески Трајко од раната утринска зора е во црквените простории.

Напомнавме два правци према црквата, така е жителите од Западното маало Прва бригаде има посебен правец. Додека, јужномалците Трета бригаде се замешуват со средномаалците Втора бригаде и заедничкиодат до црквените простории и таму се помешуват сите верски посетители. Заеднички сите прво одат со кошинците на своите упокоени му палат свеќи, си ги прават верските адети со кошинците одат во трпезаријата, кошинците ги остава во црквата, палат свеќи прво за здравите горе во кандилниците, се крстат со благослов за здравје за живите, поново палат други свеќив о долниот дел во кадилниците за упокој за починатите. Се враќат во трпезаријата и се започнува со раздавање за задушница. Додека раздават за задушница и поткаснуват за истата замисла младите играт со биење на јајца за победник. Во играта ќе се слушне и незадоволство, плач кај малите деца збок поразо.

После сите верски адети направени во црквата народот си разотидоја дома за да ручат за овај прв велигденски ден после пост од седум недели во домаќинствата има богат ручек, јагнешко месо, чорба, печење и супа со по некоја чаша вино.

Само што завршија или привршија со ручеците свирачите на сред селото дадоја музички глас на сега со еден член повеќе со новиот свирач кларинетисто петнаесет годишниот Здравески Чонески Симон, придружник на свирачите Нацко и Петре Мурџески. Народот повозбуден за кратко време сред селото се наполни со млади и стари ораџи и сеирџи.

Продолжува

Loading