Деменцијата е подмолна болест која ги напаѓа главно старите лица. Една лажица од оваа намирница може да го заштеди животот, да го забави и да го спречи прогресот на болеста. Медот е богат со полифенол, природна хемикалија која е клучна за спречување на загубата на меморијата и воспаленија на делови од мозокот. Лицата кои јадат мед секој ден имаат значително пониско ниво на ризик да заболат од деменција. Докажано е дека антиоксидантите и терапевтското дејство на медот спречуваат да се оштетат делови од мозокот кои се клучни за меморијата. Потребно е само дневно да се внесува по околу 20 грама или една лажица мед.
Конзумирањето само половина лажица дневно на маслиново масло го намалува ризикот од деменција. Тоа е здрава намирница, пожелна во секојдневната исхрана. Со него паѓа опасноста од Алцхајмерова болест за 28 проценти. Некои сметаат дека маслиновото масло треба да стои на полиците за лекови во аптеките, оти ја намалува смртноста од деменција за осум проценти. Поврзаноста е позначајна кај жените отколку кај мажите.
Маслиновото масло располага со антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Се нарекува и течно злато, крал на мастите, оти ги својствата ги нема во други здрави соединенија. Со промената на исхраната може да се ужива во долга листа на здравствени придобивки.
Првин тоа е природен лаксатив. Ја смирува внатрешноста на цревата и ја мекнее столицата, помагајќи и да апсорбира повеќе вода. Како медитеранската храна, е докажано дека го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Дури половина лажица дневно го намалува ризикот од смрт од рак.