Околу 3000 инвалидски пензионери имаат нарушено здравје и тешкотии во набавката на некои лекови за кои се јавува недсотиг. За ова расправаше Собранието на Сојузот на инвалиските пензионери на годишната отчетна седница во Прилеп.
Здруженијата се осипуваат заради болести и смртност. Имаат сé помалку членови. Комисијата за оценка на инвалидноста е мошне строга. Сé помалку граѓани можат да добијат статус на инвалидски пензионер. Не само тоа. По смртта на брачниот другар, носител на инвалидска пензија, семејната пензија ја добива сопружникот, кој не останува во Здруженијата на инвалидски пензионери, членува во Здруженијата на пензионерите, или старосните здруженија. Така, минималната членарина од 30 денари месечно, се упатува кај здруженијата на пензионерите. Сојузот одамна бара решение од Министерството за труд и социјала. Проблемот не е расчистен, оти трудовите инвалиди членуваат уште во два Сојуза, односно трудови и телесни инвалиди. Делегатите се на становиште дека и трудовите инвалиди треба да членуваат во асоцијацијата на инвалидските пензионери, додека сега постојат три Сојузи. Укажано е на потребата од зголемување на позитивната листа на лекови. Побарано е зголемување на членарината за 10 денари. Наместо 30, месечно да плаќаат по 40 денари. Поради малите приливи редуцирани се активностите. Сепак со скромните расположливи средства и донациите од некои компании им се помага на слабоситуираните семејства, барем за лекови.
Прилепската асоцијација иницира и ќе се реализира идејата за засадување на 59 млади фиданки на одредени локации за почит на починатите млади во трагичната несреќа во Кочани.