Да се плати ланскиот данок на имот и фирмарина

Општина Прилеп ги известува сите физички и правни лица, даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноци на имот, почнува постапка за присилна наплата за сите неплатени обврски заклучно со 2024 година.

Во 2024 година, Општина Прилеп достави опомени за неплатен данок на имот и комунална такса до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијата на општината. Бидејќи рокот за подмирување е веќе истечен, Општината ќе изготвува решенија за присилна наплата, кои ќе бидат доставени до даночните обврзници и до деловните банки.

Да се избегне блокирање на сметките и дополнителни трошоци, се повикуваат сите обврзници со заостанати и неплатени обврски по овие основи, итно да ги подмират долговите.

Со почит, Општина Прилеп

Loading