Аронијата може да ги победи вирусите, тумурот…

Го нарекуваат растение на иднината, оти е исклучително лековито. Аронијата ефикасно го прочистува организмот од штетни материи и тешки метали. Корисна е превентива против малигните заболувања.

Плодовите имаат антиканцерогено дејство, бидејќи во голема мера “ги убиваат” малигните клетки на мозокот, белите дробови, дојките, дебелото црево и црниот дроб. Како антиоксиданс, спречува создавање на слободни радикали и напади на здравите клетки во телото и крвната плазма, забавувајќи го стареењето и спречувајќи развој на хронични болести.

Потекнува од Северна Америка, од каде е пренесена во Европа. За индијанците била храна и лек. Била успешна за ублажување на последиците од радијацијата во Чернобил.

Елиминира тешки метали во организмот. Се смета за лек од аерозагадување. Има најсилно антиоксидативно дејство во споредба со јаткасти плодови. Содржи каротен за заштита на клетките од оштетувања, за подобрување на видот и спречува катаракта. Аронијата штити од УВ зрачење. Има моќ да ги врзува тешките метали и радиоактивните елементи, овозможувајќи го нивното излачување.

Зрелите плодови се изворот на витамините, од А, Ц, Р, Б9, Б6, Б2, Е. Заедно со калциумот, калајот, железото, манганот, јодот, фосфорот е витаминска бомба. Ја подобрува циркулацијата на крвта во крвните садови на главата и помага при главоболка и мигрена. Ја подобрува работа на штитната жлезда, го регулира лачењето на хормоните. Одлична е за лекувањето од гушавост. Ја чисти крвта, го намалува високиот крвен притисок, го намалува шеќерот и помага кај воспалени и проширени вени. Ги намалува болките и грчевите во желудникот, особено за чир на желудник. Ги смирува болките и грчевите на цревата и го запира проливот. Ја подобрува работа на панкреасот и лачувањето на жолчката со неутрализирањето на штетните материи. Сокот ја подобрува циркулацијата, дејствува детоксично и антисептично. Го намалува холестерол, има диуретичен ефект. Идеален плод е за раст на имунитетот. Помага во одржувањето на телесната тежина.            Аронијата се користи свежа, во чаеви, во житарки, додаток во кремови, слатки пити, сок или се приготвува џем. Може да се конзумира сува и замрзната.  Полезен е и чајот од ливчињата

Се препорачува да се јаде трипати во денот по 5 зрна.

Loading