100 илјади евра надомест за каснување од кучиња

Општината плаќа годишно

Службата за ловење на бездоми кучиња на Комуналец ги засучи ракавите и ја “спастри” дел од глутницат кучиња, скитници, кои шетаат и понекогаш каснуваат, предизвикувајќи трауми, покрај раните на дел од сограѓаните. Колку од скитниците завршија во засолништето за кучиња заловени кај градскиот саат не е познато, но се знае дека уште многу слободно шетаат, демнат и се закануваат на безбедноста на граѓаните. Не дај боже некое од кучињата да нападне некое дете кое ќе заврши в болница или …

Сепак, законот е сојузник на кучињата.  Како да е скроен да ги штити повеќе кучињата, отколку граѓаните. Според прописите, кучињата, по заловувањети, се кастрираат, се обележуваат со обетка и се враќаат на местото каде биле фатени. Дали тоа значи дека кучињата со обетки не касаат. Мајтапчиите прават шеги дека на кучињата треба да им се вадат забите, а не да ги кастрираат, оти и со обетки тие и натаму се ризик за здравјето на граѓаните. Во овој контекст, дали не е нужно да се направи некоја посериозна анализа за менување на законските решенија додека не се случила некоја несреќа со посериозни последици.           

Плус, кучињата се голема товар за локалната каса. Според официјалните податоци градот плаќа за пресуди за надомест за претрпен страв од каснувањет на кучињата просечно годишно околу 100 илјади евра. Можеби и повеќе. Наместо за хуман третман на кучињата, со тие пари кој знае што може градот да добие?

Loading