ФУДБАЛ: Оштински лиги
Продолжија првенствата во општинските лиги на Прилеп, со мечевите од првото пролетно коло, вкупно осмо.
Во А-групата постигнати се овие резултати: Напредок (Крушеани) – Кадица (Забрчани) 1:4, Корзо (Прилеп) – Стрела (Ерековци) 3:5, Козара (Заполжани) – Прилеп сити 1:0. Слободна беше екипата Млекар од Мало Коњари. На табелата води Кадица со 19 бода, Млекар има 15. Во следното коло се среќаваат: Прилеп сити – Корзо, Стрела – Напредок и Кадица – Млекар.
Во Б-групата еве ги резултатите: Боротино – Црвена ѕвезда (Сенокос) 0:0, Гарван (Десово) – Братство (Големо Коњари) 5:1, Кадино – Пролетер (Прилеп) 6:1. Слободен беше тимот Динамо (Мажучиште). На табелата води Кадино со 19 бода, Гарван има 16. Во следното коло играат: Пролетер – Гарван, Братство – Боротино и Црвена ѕвезда – Динамо.
![]()

