Двајца охриѓани решиле да си купат папагали.
Кога отишле во продавница, продавачот имал само еден папагал, па му подметнал на вториот охриѓанец був.
По некое време се среќаваат охриѓаниве:
– А бе братчет оној мојон папагал почна да зборвит!
– А оној мојон не, ама многу се интересират, цело време очине ги ширит.
*********************
Се враќа синот касно од излегување, а мајка му и татко му почнуваат да му викаат:
– Каде си ти досега?
Колку е часот?
Имаш ли ти куќа?
А синот им одговара: – Немам, чекам да ми ја препишете