Севилја
Андалузија е регион во Шпанија, познат по морето, по вината, борбата со бикови, по раскошните палати, вили со базени, по прекрасните места во кои е сосема видлива арапската култура. Еден од поубавите андалузиски градови е Севилја со околу 700.000 жители и четврт по големина во Шпанија.

Градот е романтичен, предизвикувачки и воодушевувавчки богат со уметничкото богатство со ориенталната архитектура, тесните шарени улички, со стеблата со портоколи и мандарини, паркови со фонтани… Не е чудно зошто Хемингвеј го нарекол “совршено место за меден месец”. Од прв поглед се забележува дека Севилја ја красат различни стилови. Споменици од арапската уметност, ремек дела на готичката уметност и величенствената катедрала, запишана како културно наследство на УНЕСКО.

Потребни се денови да се открие. Се препорачува да се тргне паркот Марија Лујза, каде се Археолошкиот музеј и Музејот на уметности и занаетчиство. Низ паркот се стигнува до плоштадот Еспанија, граден по проектот на архитектот Анибал Гонзалет во 1929 година. Бројни павилјони, канал од 500 метри со четири моста, потсетуваат на четирите кралства Кастилија, Арагон, Навара и Леон. Во должината на ѕидовите има 48 ниши, клупи, кои ги претставуваа шпанските провинции. Украсени се со сцени од историјата со шармантни плочки во боја. Пленат.

Кај центарот е катедралата. Таа е ремек архитектонско дело од 15 век. Една од најголемите европски катедрали, украсена со големо количество од злато. Тука е гробот на Кристофер Колумбо. За влез се чека по неколку часови во долги редици. Се градела цел век, од 1401 до 1506 година на место на некогашна џамија. Централниот дел е висок 42 метри, а има површина од над 11.000 м2. Од катедралата се качува на Џиралда ѕвоното, кое некогаш било минаре.
Во близина е дворецот Алказар. Темелите се ставени во 12 век, а градбата траела пет века. Затоа во дворецот се гледаат различни стилови од мудеар до ренесанса. Потребни се часови да се види, плус, влезницата што се купува онлајн. Блиску се населбите Санта Круз и Мурилј паркот. Тел дел оро е кула со саат, градена како стражарница и служела како фортификација. Таа е силен белег и атракција. Вниманието го влече градската куќа. Во квартот Барио Санта Круз се ужива во шармантните кафулиња и ресторани со специјалитетите и вкусно вино.
По одморот очите се насочуваат на палатата Каса де Пилатос. Готски, ренесансен и маорски стил, а денес е музеј. Остава впечаток Метропол Парасол. Тоа е форма на печурка, составена од шест огромни дрвени објекти во форма на шатори, една со друга поврзани и личат на вафла. Таа е фантастичен објект, под кој се наоѓа Археолошки музеј. Често е локација за средби и прошетка на жителите на Севилја.
Покрај реката Гвадалкивир, се ужива со кафе во бројните кафулиња.
Така се финализира посетата на убавиот, романтичен, шпанско андалузиски град, Севилја.
Текст и фото: Каролина Мицевска