Во библиотеката
Во библиотеката во вторник ќе се одржи предавање за Круме Кепески и промоција на негова книга. Воведничар ќе биде Слободан Беличански, предавач проф.д-р Јованка Кепеска. Книгата. “Македонскиот јазик од Круме Кепески” ќе ја промовира д-р Симона Груевска Маџоска.
Предавањето и промоцијата се организираат за годишнината од раѓањето на авторот на македонската граматика Круме Кепески, а организатори се Друштвото за наука и уметност и библиотеката.