Плејаут

Ракомет

Двата прилепски претставници во ракометот учествуваат во фазата на плејаутот и таму се кандидати за висок пласман.

Во рамките на машката Супер лига екипата Прилеп е во плејајут-фазата, со Пролет (Скопје), Борец (Велес), Куманово, Струга и Радовиш. Според распоредот, овој дел од Супер лигата почнува викендов, а завршува во првата половина на јуни. Во плејаутот, во борбата за опстанок целта е избегнување на последните две места, 11-тото што води во бараж и 12-тото што значи директно отпаѓање. Екипата Прилеп веќе викендов игра меч од плејаутот на домашен терен, со Пролет, а една недела подоцна е уште еден дуел дома, со Радовиш. Дури во третото коло Прилеп гостува, во Струга.

Од женскиот плејаут одигран е мечот Деспина – Стружанка (29:28), а на соседското дерби во Битола, Пелистер – Деспина 21:21. Според редоследот, вчера (четврток) беше мечот Деспина – Овче Поле СУ (Свети Николе), а викендов е нов, Спартак – Деспина во Кочани.

Табела: Деспина 9, Спартак 8, МРК Ѓорче Петров 6, Пелистер 5, Овче Поле 4, Стружанка 1, Шампион 0.

Loading