Фељтон: Томе Велјановски
Во новоизграденото училиште се привршија многу потребни работи, се загради училиштето со камен цуцули наоколу на кој беа оптегнати пет жици со боцкав тел. Со две влезни порти за пешаци и за потреба за возила. Се изгради живеалиште кокошарник за одржување на перјави птици. Се изгради школски клозет соѕидан од камен со две одделенија, женски и машки клозет под исти покрив и со мал дел насадено лозови прачки. Служитело иако атеист на наредната сабота по Прочка, Тодорова сабота Тодорица верски празник се прави посвечен ручек, можи да биди варен грав потпржен со масло за јадење, а додека денот после во неделата можно е риби на бел ориз печени во тепсија во земјена црепна под вршник. За празникот Тодорова сабота се оди в црква со варена пченица или пченка – царевка со месено, печени булина сошиени во едно волнено торбе. Се оди в црква на пладне, денот претежно девојчиња можно е и домаќинки жени ако немаат во куќата женски млади пол.
Се собират присутните верници палат свеќи за здравје, излегува од црквата, ги земат торбината ив о ред по две вернички и е вртат црквата со блеење како овци одат налево за благослов на стоката поготово за овците в година да се објагнат овците повеќе женски јагниња.
Зад црквата до олтарот групата од девојчињата застанува и одбират едно девојче физички поцврсто за да ги префрла пакованите торбина в лево преку олтарот. Ако некое торбе застани на олтарот посекако има и млади момчиња, ќе се качи на олтарот и ги префрла торбината во истиот правец према другите. Откако ќе заврши таа работа се оди во трпезаријата има меѓусебно раздавање на присутните верници после сите направени обреди или церемонии. Бунарот се загради наоколу со трње, шипје и капини и остана така да мирува. Како што се зборуваше меѓу народот работата во тоа што властите од просветата барале поради бунарот е марулски атар трошокот требало да го сноси с. Марул. Марулци настојувале трошокот да го сноси државата – просветата.
Често пати на селските конференции во Марул имаше расправии околу школскиот бунар. На една селска конференција во зимата во 1959 година се донесе одлука школскиот бунар по секоја цена за да се направи. Имаше некој отпори на домаќинства кој нема деца за учење и не сака да учествува за градба на школскиот бунар. Но, школскиот учител Секулоски Бранко, служителот Новачески Јован во тој поглед најактивни за да се направи бунарот.
Само што се затопли во пролетта 1959 година марулци ги спрегна ѕевгарите во запрежните воловски коли и почна да носат камење. Тие што негира против градење на бунарот се вклучија во градба на бунарот. Се пазарија со бонечките мајстори за ѕидање бунарот Ѓорѓија Тантуш, Милан Гангале, Крсте Димоски Чавчало и Петре Шипинко домазат од Чаништа за Ванка Гулеска и за кратко време бунарот беше соѕидан. Тоа беше преродба и радост за сите во селото Марул.
На бунарот му се постави метално скеле со бутим со метална макара лончева од синџир со вртење на рачката се спушти кофата за вода и собираше често пати велеше децава од машки пол доби постанале петли без својте природни алати, многу го прскат подот на клозето кога вршат мала нужда. Во училиштето сите потребни објекти беа изградени ама најважното недостасуваше вода во училиштето.
Водата за училиштето се носеше со метална канта од павлескиот кладенец не е Павлески него е најблизу до Павлевци некаде на 350 метри од училиштето. Или пак од бунарот – рвеникот од служителот Новачески во далечина до училиштето. Една канта вода ни најмалку не ги задоволуваше училишните потреби. Поготово кога учениците има фискултура потребна им беше водата за пиење и умивање, припремање јадење за училишниот персонал.
Поради ова криза во пролетта 1954 година се оснива школски одбор во склоп со просветниот школски наставник, учителката Котеска Драгица, прилепчанка, селскиот одборник Јованоски Цветан Крушка, служителот во училиштето Новачески Јован Павлески Игне, Петрески Ванчо Мурџески и др. Копач на бунарот беше пазарен Тошески Божин Јолески. Местото за копање на бунарот беше одредено педесет метри јужно од училиштето.
Таа година Божин со копање влезе длабоко во бунарот и престана со работа за нас и денес не ни е познато зошто тогаш прекина копањето на синџиот наоколу бутимот. Бунарот се покажа изобилство на вода и со многу кревка лесна вода која примаше детерџенти и сапуни за перење поради од десет метра во длабочина петте метра се во камен плазика, со многу пивка вода.
Поближните комшии до бунарот Колевци, Мурџевци и Николовци сите потреби за вода во нивните куќи ги задоволува од школскиот бунар. Никогаш да некој ги навреди дека е користа водата од бунарот. Тоа е подобро за самата вода, се преработува, прави циркулација. Сега училиштето не работи, празно е, а бунарот остана осамен без посета на дечки џагор и на луѓе и без заштитен капак на бунарот.
Во половината на месецот март 1959 си дојде војнико Павлески Коле, дваесетидве годишно момче од одслужување на воениот рок. Коле коларо по занает беше колар со диплома мајстор за запрежни коли со завршен занает за таа струка.
Исто така, при карјот на месецот март заминаа тројцата марулски младинци за отслужување на двегодишниот воен рок. Митрески Јованчев Петре Мурџески роден 1939, Ристески Крстев Ќиро Танески роден 1938, Ристески Танев Сребре Танески роден 1939. При крајот на месецот март истата година Ристески Танев Китан Танески купи куќа во с. Ерековци и за кратко време Китан се исели во Ерековци, фамилијарно.
Истата пролет во април, селскиот одборник Јовчески Ванѓел преку шумското претпријатие од Тополечката општина донесе еден товар магарешки млади багремови садници во училиштето во Марул. Садниците багремови класниот раководител на училиштето Секулоски Бранко од с. Алинци, прилепско и служителот на училиштето Новачески Јован со помош на учениците сите садници ги посадија во атарот на училиштето, се фатија кога почна да растат се разеленија природна убавина на човек убаво му беше за да ги гледа.
На повеќе селско – марулски состаноци се водеше дискусија за поправка на патните правци низ марулскиот атар каде има потреба. Се донесе одлука да се направи еден мал подѕидок со камен на патот кај местото Крушите за тоа се донесоја камење со запрежните коли и песок. Јовчески Ванѓел заедно со одборот селски за поправка на патиштата преку општината во Тополчани обезбедија и цимент. Тој планика подѕидок на патот во Крушите беше направен дотекот на водата, браната со песок е потполна и патот се израмни и стана прооден.
Исто така, патот од местото викано Клино преку Гладница до реката во Врба од 800 метра во должина и шест метра во ширина се поправи и се посоли со песок. На реката Врба се направи голема камена брана висока дест метра и долга некаде 25 метра. Со времето од неполна година браната се наполни со песок и патот преку препреката беше прооден без проблем. Под браната се појави исцедна вода за поење на стоката поготово за овците. Тоа беше една голема хуманост поготово за канатларските сточари. Оваа брана беше чиста заслугана сите марулци учесници за изградба на браната од човекова морална активност со нивните ѕевгар волови и нивните запрежни воловски коли.
Продолжува