Мурал на Никола Тесла

Во СОУ Ристе Ристески – Ричко

Никола Тесла е инспирација за идните генерации. Затоа во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” е изработен прекрасен мурал, посветен на големиот пронаоѓач и визионер Никола Тесла.

– Овој уметнички дел, е создаден со многу љубов и посветеност на професорот Методи Исков и група ученици. Тој го краси ѕидот во еден од ходниците за да ги мотивира идните генерации да ја негуваат љубопитноста, иновациите и научниот дух. Муралот претставува симбол на знаење, креативност и бескрајните можности на човечкиот ум. Претендира заедно да градиме инспиративна средина за идните генерации – велат од училиштето.

Loading