По затворањето на големата сала и киното во ЦК “Марко Цепенков”
Големата сала и киното во ЦК “Марко Цепенков” се затворени од дирекцијата за заштита и спасување, за секаков вид манифестации и приредби, додека не се отстранат сите недостатоци од областа на заштитата, кои години наназад не биле надминати.
– Во решението се вели дека нема хидрант, односно никогаш комплетно не бил доопремен. Не се функционални громобранот, алармниот систем за пожари, резервниот извор, агрегатот за напојување со струја, како и електромоторот за подигнување и спуштање на завесата на сцената во големата сала од “Марко Цепенков”. Инспекторатот констатира дека некои од излезите од сцената за евакуација се отвораат обратно, а во киното нема уште еден излез – истакнува Марија Попова Јованоска, директорка на ЦК “Марко Цепенков”, потенцирајќи дека салите ќе останат затворени додека не се отстранат недостатоците.
Центарот за култура работи 45 години, а во наредниот период непречено ќе одржува изложби во галеријата и концерти во фоајето.
Претходната недела беше затворен и објектот од театарот “Војдан Чернодрински”, каде се констатирани 15 безбедносни недоследности и пропусти.
![]()

