ФУДБАЛ: Трета лига – Југ
Два резултата од претходното 17. коло влијаеа на оддалечување на првиот со вториот и третиот на табелата, од Третата лига – Југ. Првиот резултат беше очекуван, Големо Коњари – Венец (Долни Дисан) 8:0. Домашниот се изнадава голови. Но, доста неочекуван резултат е на мечот Башкими (Велес) – Ултрас (Прилеп) 1:2. Кандидатот за првото место доживеа пораз на својот терен. По ова есенскиот првак, Г. Коњари, ја зголеми предноста пред конкурентите, па сега е 6 бода.
Во следното коло, викендов, токму Г. Коњари и Ултрас се слободни, но тоа не значи лесно приближување на ривалите, бидејќи токму тие се среќаваат меѓу себе, Превалец – Башкими. Еве ги и другите двојки: Бучин – Влазними јуниор, Младост – Дреново, Росоман – Питу Гули, Венец – Слога.
Табела: Големо Коњари 38, Башкими и Превалец 32, Венец 27, Младост и Росоман 26, Ултрас 23, Бучин 18, Питу Гули 17, Слога 12, Дреново 8, Влазними јуниор 7.