ФУДБАЛ: Победа
Екипата Победа има шанса да поврзе три успешни меча во пролетниов дел од Втората фудбалска лига. Прво одигра 0:0 на гости со Охрид, потоа дома 0:0 со големиот фаворит Башкими (Куманово), а в сабота (15 ч.) дома игра со Вардар (Неготино). Тоа е директна пресметка на двата тима што се борат да бидат што повисоко од 14. место, што води во бараж за опстанок. Доколку победи прилепската екипа, тогаш се оддалечува на Вардар 5 бода, а и од 14 место на кое се наоѓа Осогово (Кочани), тим што гостува на Арсими (Тетово).
Што се однесува до мечот Победа – Башкими, беше прикажан одличен фудбал и покрај дождот и лизгавиот терен. Второпласираниот тим на табелата, кумановски Башкими наиде на силен отпор од домашната Победа, така што конечниот резултат е сосема заслужен. Во 59. минута одекнаа силни и долги аплаузи од трибината, за 59-те жртви од трагедијата во Кочани.
Табела: Македонија ЃП и Башкими 49, Брегалница 47, Арсими 45, Скопје 34, Детонит, Саса и Охрид 32, Кожуф и Беласица 31, Победа и Новаци 23, Вардар Н. 21, Осогово 17, Борец 10, Вардарски 8.
![]()

