АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Од лево лапна фирма,од десно си ја легализира дивоградбата со евро за квадрат земјиште и сега “камен не го бие “

*

Профитот не може да го замени мозокот

*

Каков мислител е тоа кога мисли со туѓа глава?

*

Од репризи заборави што се премиери

*

Прифатија компромис и заборавија по кој пат дојдоа

*

Човекот си е на место,а никако да си најде работно место

*

Системот не може да создаде добри луѓе,а може да важи само обратно

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading