ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДАРИЈА 50 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ЗА КОЧАНИ

Делегатите и претседателите на комисиите оддадоа почит со едноминутно молчење на починатите во катрасофалната несреќа во Кочани и на починатиот претседател на статутарната комисија, Борче Ристески на последната седница на собранието на Здружението на пензионерите. Делегатите кренаа рака да им се помогне со 50 илјади денари на семејствата на настраданите  во Кочани. Посебно ќе се одделат доброволни средства и по разграноците.

Претседателот на Собранието, Димче Настоски, и делегатите на 19 разграноци и од Кривогаштани и Долнени го прифатија извештајот за работата за лани. Се констатира домаќинлак и исполнување на програмата. Оценка е дека прилепското здружение реализира низа активности кои го наредија како најдобро во Македонија. Тоа се должи на организираноста и сериозниот пристап. Се кажа дека лани пензинерите со ниски примања добија од Здружението финансиска помош за лекарски и бањски интервенцији.

За претседател на статутарната комисија беше именувана Стевка Николоска.

Loading