ВИЦ НА НЕДЕЛАТА

Македонски политичар решил да се прошета и да види како живеат обичните луѓе.

Сретнал едно мало момче.

– Каде е татко ти?

– Отиде на работа со новиот автомобил.

– А мајка ти?

– Отиде на работа со стариот автомобил.

– А кој е дома?

– Баба ми, гледа телевизија на новиот телевизор.

– Гледаш ли момче, за сето тоа треба да сте ми благодарни мене!

– Бабо, бабо!!! Си дојде чичо од Америка!

Loading