Свртување кон плејаутот

Ракомет

Заврши основниот дел од Супер лигата на Македонија за мажи. Во последното, 22. коло, Прилеп – Еурофарм Пелистер 22:35 (8:18). О чекуван резултат во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, чија трибина беше исполнета со публика. Ова е уште една потврда дека е потребен поголем спортски објект как Универзалната сала, чие реновирање наскоро треба да се случи. Најефикасни ракометари беа: Христи Бикоски и Томислав Квастек со по 4, Ангелче Органџиев со 3 гола (Прилеп), Цветан Кузманоски со 5, Филип Кузмановски со 4 гола (Еурофарм Пелистер).

Познати се учесниците во следната фаза. Во плејофот, во борбата за титулата и пласманот во европските купови, ќе учествуваат: Еурофарм Пелистер (Битола), Вардар, Алкалоид и Бутел (Скопје), Тиквеш (Кавадарци) и Охрид. Во плејаутот, во борбата за опстанок со избегнување на последните две места, 11-тото што води во бараж и 12-тото што значи директно отпаѓање, учесници се овие екипи: Пролет (Скопје), Борец (Велес), Прилеп, Куманово, Струга и Радовиш.

Од женскиот плејаут одигран е мечот Деспина – Стружанка (29:28), а викендов следи Пелистер – Деспина.

Loading