Општински лиги
Датумот 30 март (недела) е ден за 8. коло, што значи старт на пролетниот дел од општинските лиги на ОФС Прилеп. По безмалку пет месеци на терените ќе се појават 12 тима во две групи.
Во А-групата се среќаваат: Напредок Крушеани – Кадица Забрчани, Корзо Прилеп – Стрела Ерековци, Козара Заполжани – Прилеп сити. Слободна е екипата Млекар Мало Коњари. Табела: Кадица 18, Млекар 15, Стрела 10, Козара 7, Корзо 4, Напредок 2, Прилеп сити 1.
Двојки од Б-групата: Боротино – Црвена ѕвезда Сенокос, Гарван Десово – Братство Големо Коњари, Кадино – Пролетер Прилеп. Слободна е екипата Динамо Мажучиште. Табела: Кадино 16, Гарван и Црвена ѕвезда 13, Динамо 9, Братство 7, Пролетер 3, Боротино 0.
![]()

