Поддршка за Кочани!

Фудбал: В сабота Победа – Башкими

По големата трагедија во Кочани и деновите на жалост, продолжуваат спортски настани на кои се собираат финансиски средства за помош на несреќните семејства. Таков спортски настан е на Градскиот стадион “Гоце Делчев”, в сабота од 15 часот, Победа – Башкими, од 22. коло на Втората лига. Новите акционери во прилепскиот клуб, сопственици на мнозинскиот дел од акциите (чии имиња ќе се дознаат по завршувањето на процедурите), решија целиот приход од продадените влезници да се насочи за семејствата зафатени со несреќата. Влезниците се продаваат на штанд на градскиот плоштад, како и пред портите на стадионот пред почетокот на натпреварот. Се очекува многу публика на трибините.

Претходно Победа изваде реми (0:0) во Струга, со домашниот Охрид.

Табела: Македонија ЃП и Башкими 48, Брегалница 44, Арсими 42, Саса и Охрид 32, Детонит, Скопје и Кожуф 31, Беласица 28, Победа 22, Новаци и Вардар Н. 20, Осогово 16, Борец 10, Вардарски 8.

Loading