ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (282) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

И покрај убавите вечерни прочкини веселби сепак во поедини куќи каде има помали деца ќе има викотници и плачки. Кај децата нема редослед по старост, тие скокаат секаде да се први во што, амкање на јајца, ако треба ќе го задржи со рачињата само да биде нивно и тоа смеа за сите. Конецот на фурката на кој се беси вареното јајце за амкање сакаат повеќе пати да гори за нив. Сé така додека не легнат на спиење.

Денот понеделник по Прочка се вика Чист понеделник или Чисти понеделник, се запостува седум недели за Велигден. Сите куќни прибори за јадење и пиење генерално се чистат со топла вода и поново се суредуваат на своите места.

На денот Чисти понеделник поради презафатеност со чистење храна за преку денот е пресначка печена во црепна и варен грав, вода, сол, суви пиперки, кромид без масло. Преостатокот на јадењето – храната од прочкината вечера му се даваше на добиците и на кучињата, често пати доваѓа Роми, го собираа остатокот од храната и нив му се даваше џабе.

На третиот ден по Прочка, утрото црквата беше отворена за тие кои дале обавеза за држење на Тримир без да укусат храна или вода. Во средата утрото одат в црква со кошница примесени работи со варена пченица и пијачка в црква си палат свеќи, ќе седнат во трпезаријата, ќе раздават задушница, ќе поткаснат во мала количина храна и вода. Со тоа се заокружени во продолжение велигденските пости од седум недели.

Овде кажуваме за немирноста, палавоста за малите деца. За времето од нашата десет годишна возраст во нашата школска доба во годините 1954/55/56 ние не бевме подобри од малите деца. За времето од долгите пости божикни и велигденски, мирни бевме додека во нашите стомачиња имаме калорична мрсна храна. Ние, во група со одредени верни школски другарчиња често пати за време на постите тајно се омрсуваме без да бидеме забележани од некого.

За божикните пости за во 1955/56 година направиме една работа за нас. Зедоме дел од фатените врапчиња сламарчина со кој се омрсуват божикните пости, отидоме во присојот во бачилиште под Горните е соѕидаме пештерата наоколу со мал влез, врата. Насобраме дрва, поставиме една камена плоча над огнот, поткрената на камени ногалки. Под плочата го запалиме огнот, ги наредиме врапчињата да се печат, пржат кои беа на број 25 врапчиња, парчиња.

Влезната врата на Пештерата е затвориме, маскираме со палтенцата за да не види дедо Госпо што работиме. Врапчињата се испечија на загрејаната камена плоча ги поделиме и ги изедоме. Никој нé не забележа, ниту човек, ниту дедо Гопсод. Атанасоски Јосиф Танески, учесник во ручекот си оди дома, а дедо му Трајан го кани да вечера посна сарма со ориз. Јосиф ја одбива понудата од дедо му. Дедо му Трајан нажален му вели, Јоце, да не те боли мешето – стомачето, не дедо, многу трчав во играта. Ако, дете, ќе ти помини. Јосиф сам си додава, остави ме дедо, стомакот – мевот ми е полн со врапчиња. Јосиф раскажува во смеја. Врапчињата мали и кревки, се јадеја сосе коски без мрсноти и сол како пастрма.

Во раното пролетно време уште салам не затоплено Крушковци имаа две биволици со мали телиња, биволчина од ланската година. Домаќините мајките ги хранеја – зобаја и ги молзеја. Нивниот Гроздан – Гоце наше школско другарче за време на велигденските пости на неколку пати донесе млеко во едно шише повеќе собираше млеко од едно литро. Сите учесници за млекото си носеме леб од дома, пиеме од млекото и јадеме од лебот како алкохоличарите без никаква гроза меѓу нас, слатко јадење без проценка. Ова го правеме во Бачилишката река.

Илија Крушка, дедо му на Гоце и вели на баба му, Петра ти си прочуена бајачка на сите му правиш себап и млекото му го штитиш, а додека нашето млеко од биволицата како да се намалува. Таа му одговори како со подсмев, море мажу Илија како ќе ги храниш, така млеко ќе добиваш. Гроздан во смеа велеше, можи баба ме имаше видено кога земав млеко, ама си преќутуваше. Навистина бабата по карактер беше многу отворена дечарка.

Откако убаво се стопли тревата, потера да расти. Нашите малски магарина со мали прлина пасеја по присојот бачилешки и по градиште одеме и молземе млеко во лејчина мали грглачина и пиеме млеко, ги вјаваме машките магарина, правеме трка со нив, убаво ни беше дечки весел живот.

Во еден саботен ден за време на велигденските пости после школските часови во 1956 година си тргнаме за дома пред ручек. Ние неколку ученици истомисленици наместо да одиме дома се одлучиме да одиме во местото Орев за да бараме јајца од еребици. Поминаме поред црквата во гробиштата, најдоме еден долни дел од скршено барде викано црепче. Црепчето го зедоме со нас и го оставиме во пештерата во орницата Колеска. Од орницата тргнаме нагоре до Маркова стопалка, најдоме седумнаесет јајца од еребици. Носеме кибрит и вратиме назад кај црепчето, ни дојде идеја јајцата да ги вариме. Собраме дрва, запалиме оган во пештерата, црепот го наполнаме вода, ги ставиме јајцата во црепот и го ставиме до огнот со времето јајцата се сварија и ги поделиме во тоа време дојде овчаро Јанкоски Петре – Аџаба, пристар дедо, му дадоме него две јајца. Откако тој се омрси и во смеа вели, ти велам Аџаба старите велат во постот мрсно јадење понудено од друга рака не било грешка, не е грев.

Тој ден, ние друштвото си дојдеме дома омрсени со јајца од еребици. Дома се однесуваме како да постиме и јадоме посно јадење. На Велигден дено в црква имаше пеание, литургија со причесна, ние сите први се причестиме, излегоме во дворот да кршиме велигденски бојадисани јајца. Тоа истото важи и  за божикните пости, се омрсиме со врапчиња сламарчиња в црква, се причестиме и први излегоме да играме со костени чимиток. Никој не посочи да сме грешници. Старите за џабе не велат, со деца не се срка маштеница, ќе те натурат. Со самото растење на децата се губат тие дечки идили.

Јас, Томе Јовчески како ученик во арулското основно училиште до четврто одделение имав тројца учители и тоа од 1 септември 1952 до јуни 1953 беше Миладинов Ќиро од Прилеп. Од 1 септември 1953 до 1 октомври 1955 наставник беше Котеска Драгица од Прилеп. Од 1 октомври 1955 до 26 јуни 1956 наставник ми беше Вузески Љубе од с. Тополчани кој често пати вадеше од џебот верско православно црквено календарче и си гледаше во него, сигурно ги гледаше датите. Додека пред него, Ќиро и Драгица не покажа такво верско календарче. Присустните врници си одат дома каде ги чека побогат ручек, варен потпржен грав, риби на бел ориз, печени под црепна и вршник, можно да е и сторени кисели пиперки полнати со ориз, печени во црепна и вршник, како и да е тоа е побогат ручек за тие два денови Тодорова сабота и во наредниот ден во неделата. За овај верски празник има две села каде му е селска слава тоа Паралово и Српци двете села се битолскиот атар.

Школскиот бунар се соѕида

Основното четврто одделенско училиште Велјан Новачески во с. Марул е започнато да се проектира во 1946 година, а е изградено во 1948 година во пролетта е пуштено за употреба. Изградбата на училиштето е во место на некогашната куќно место на некогашниот турски бег Ремзија на северозападната страна од селото Марул, битолчанец. Кога во 1912 година српската војска е запалила кулата сосе сите нејзини објекти од бего Ремзија.

Продолжува    

Loading