НУЦК “Марко Цепенков”
Со доза на горчина се известува верната публика, почитувачите, следбениците и поддржувачите на театарската уметност дека надлежните забранија користење на објектот на народниот театар, “Војдан Черондрински”, како објект за масовни приредби.
Во согласност со препраката од Министерството за култура и туризам, а на официјално барање од страна на НУЦК “Марко Цепенков”, после извршениот формален инспекциски надзор и констатирање на серија фактички недоследности и отстапки од официјално пропишаните елементарни норми и стадарди за безбедно и непречено функционирање на една јавна институција, во согласност со членот 141 д. алинеа 2,3,4 од Законот за заштита и спасување, со усно врачено решение се забранува користење на објектот, народен театар “Војдан Черодрински”, како објект за масовни приредби.
Тоа значи дека театарот, на неопределено време, се става надвор од употреба за секаков вид на официјални поставки, настани и случувања кои подразбираат масовно присуство на публика во организација на театар. Тоа подразбира дека сите премиери, театарски поставки и други слични настани од масовен карактер се одложуваат на неодредено време.
Во очекување на официјалната формална писмена забрана за јавни настани од масовен карактер од театарот известуваат дека остануваат во редовно дејство и ангажман на подготовките на претстојните премиери, како и актуелните проби на актерскиот ансамбл.
За понатамошните решенија од надлежен институционален ентитет кои обврзуваат на спроведување, замолуваме да се водите и држите до официјалните објави на засегнатите институции – НУЦК “Марко Цепенков”, и НТ “Војдан Чернодрински”, Прилеп.
Театарот и Центарот за култура својата смисла на постоење ја гледаат и доживуваат само во нормална и непречена интеракција со публиката. Поради тоа, театарот и центарот се држат до оптималните услови за сечија целокупна безбедност, одговорност и непречено доживување и искуство на културно-уметничките содржини.
![]()

