Папратот е билка која расте на карпи и во мов на планинските места. Слаткиот папрат содржи сапонини кои и даваат благ вкус, етерични масла, танини, алкалоиди. Се употребува коренот, берен во септември/октомври од билка постара од 2 години. Таа е број 1 за респираторни заболувања. Се употребува кај бронхитисот, бронхопневмонијата, астмата и сувата кашлица. Дава одлични резултати за лекување на пушачка кашлица, за чистење на белите дробови од никотин, односно по откажување на цигарите. Толку е моќен што помога и кај почетен стадиум на туберкулозата. Се употребува и кај разни алергии, проблеми со црниот дроб, жолчката, бубрезите и друго. Послабо се употребува листот, но добар е за ревматични болки. Отвора апетит, мевлем е за отечена сплинка, за пад на притисокот. Се прави мелем и облоги за рани и испукана кожа.
Чај – 1 супена лажица стои во 500 мл млака вода, одвечер, 8 – 12 часа поклопено. Пред да се пие се загрева малку, се процедува и се пие по 2 – 3 чаши дневно, 30 минути пред јадење.
За бронхо чајот се потребни 30 гр сладок папратов корен, 30 гр жалфија, 20 гр. анасон, 20 гр синап бел или ѓумбир, 10 гр мајчина душица и 10 гр лист слаткарче. Се меша заедно. Двесупени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода. Отстојува 20-30 минути поклопено, а потоа се цеди и се пие по 2 – 3 чаши на ден, половина час пред јадење, 7 дена со 2 дена пауза.
За чистење на белите дробови од никотин се потребни 100 гр мед, 100 мл. сок од лимон, 50 гр. корен мелен од папрат, 100 гр мелени бадеми, 100 гр таан и 100 гр мелени ореви. Се мешаат заедно и се јаде по 1 супена лажица трипати на ден, 30 минути пред јадење.
![]()

