Кошарка
Одиграни се одложените мечеви од 18. коло на Втората кошаркарска лига на Македонија, меѓу нив и Црн Дрим – Мега баскет во Струга. Домашните победија со “тесно”, 64:62. Гостите дадоа силен отпор. Ова не е безначајно, бидејќи на Мега баскет му е неопходно враќање на самодовербата, по долгата криза и падот на табелата. Ако се покаже борбеност, можеби позитивен резултат ќе се постигне на следното гостување, кај Борец во Велес. Сега Борец е во предност со три бода, но есеноска во Прилеп беше 78:69 за Мега баскет.
Табела: Ангели и Маџари 33, Соколи 32, Црн Дрим 29, Бутел, Борец и МЗТ Уни банка 27, Охрид 25, Мега баскет и Водно 24, ФМП 22, Работнички 20.
![]()

