Локалната самоуправа конкурира за владини пари
Прилепската локална самоуправа е подготвена за нови капитални проекти, кои треба да се реализираат со парите од вториот повик на Владата од унгарскиот кредит. Поднесени се 11 проекти. Реализацијата ќе претставува поквалитетен живот, подобра инфраструктура и современи урбани решенија.
Проекти во најава се реконструкција на дел од плоштад “Методија Андонов-Ченто” (пред хотелот Скопје) и поставување на урбана опрема, изградба на мост на ул. “Победа” над реката Оревоечка, реконструкција на ул.”Орде Чопела”, која е влез за градот од Македонски Брод, комплетна реконструкција, вклучително со електротехника на ул. “Трајко Николоски”, детско игралиште зад Участакот, ново детско игралиште на ул. “Борка Талески” во населбата Типски, водоснабдителен систем во селото Лениште, реконструкција на потисен цевковод за водоснабдување на индустриската зона и манастирот Св. Димитрија во селото Селце, фотонапонска централа за пречистителната станица, интеграција на дистрибуирани локации од водоснабдителен систем на Прилеп во постоечки СКАДА систем и интеграција со ГИС системот, промена на водоводна мрежа од јазолот на бул. “Гоце Делчев” со ул. “Кузман Јосифоски” до јазолот на ул. “Кузман Јосифоски” со ул. “Ленин” во фаза хидротехника.
Се финализира подготовката за проектот, обиколница – исток (од Сивец до А1), кој е во постапка за добивање на одобрение за градба.
![]()

