КОНЦЕРТ НА ДУХОВНА МУЗИКА

НУЦК Марко Цепенков

Црковниот хор „Света Петка” вечерва (28 март, петок) од 20 часот ќе одржи концерт на духовна музика во фоајето на ЦК “Марко Цепенков”.

Формиран е во 2015 година од протопсалт м – р Георгиј Секулоски исклучиво за литургиско – богослужбените потреби на тогаш новоизградениот истоимен храм во населбата Точил во Прилеп. Хорот со својата повеќестрана дејност ги надмина границите за неговата првична намена, разработувајќи разновидна музичка програма на својот репертоар, која спаѓа во жанрот на класичната музика, хорското творештво на македонски и балкански композитори базирано врз македонскиот фолклорен мелос.        

Имаат бројни настапи и учества на културни манифестации, концерти во Македонија и соседните земји. Ансмблот Пелагонитиса кој делува во рамките на хорот, во 2022 година имаше Предвелигденски рецитал на духовна музика во многупосетуваната црква Нотре Даме де Медаиллемирацулеусево Париз, Република Франција.

Црковниот хор е градски вокален ансамбл и амбасадор на македонската духовна и музичка литургиска уметност. Раководи Гоце Секулоски.

Програма:

1. Велика Ектенија_Молитвами Богородици – А. Бадев, 2. Во Царствии Твоем – П.Динев,  3. Елици во Христа – Македонски црковен напев, Г. Секулоски 4. Тропар на Благовештение – Македонски црковен напев, Г. Секулоски  5. Тропар на Свети Георгиј Победоносец – Македонски црковен напев, Г. Секулоски  6. Херувимска Песна – монахиња Јулијана Денисова 7. Да молчит всјакаја твар – А. Лвов 8. Тајнија Вечери днес – И. Валјаев 9. О Тебе Радуетсја – И. Валјаев 10. Тебе Поем – Грузиское, Источно црковно пеење 11.Достојно ест – Григориј Протопсалт, источно црковно пеење 12.Вечнаја памјат – Г. Секулоски.

Loading