СДСМ
Според СДСМ од Прилеп, која се повикаува на државниот завод за ревизија, било констатирано дека зградата на локалната самоуправа нема имотен лист, нема одобрение за технички надзор и одобрение за употреба. Ова го тврди советникот на СДСМ Александар Китаноски. Според него, зградата е дадена на користење без да се внесе во катастарот.
– Државниот завод за ревизија во извештајот констатирал дека, после одлуката на Владата за давање на користење без надомест на објектот на Министерството за одбрана на општината Прилеп во 2008 година, спротивно на член 10 на договорот, општината издала одобрение за градење со кое е предвидена реконструкција и надградба на објектот. После завршувањето на инвестиционите работи, објектот е даден во употреба без виза на надзорен инженер за градба. Ова не е во согласност со законот за градење, каде е стои дека градбата се дава во употреба по издавање на одобрение за употреба. До ревизијата објектот не е запишан во катастарот како сопственост на општината – вели Китаноски.
Тој тврди дека над 150 вработени во општината работат во нелегален објект, во дивоградба.
– Со ставањето во употреба на оваа дивоградба, доведена е во опасност безбедноста на вработените, но и на сите граѓани кои од денот на предавањето во употреба во 2011 година до денес, по било кој повод, и кратко престојувале во општинската зграда – тврди СДСМ.
![]()

