Добро е што сме музикален народ, ама нотите не смеат други да ни ги пишуваат.
*
Зошто на генерален штрајк не повикуваат и генерали?!
*
Пролетта редовно доаѓа во природата, а ретко во политиката.
*
Неспособните и од оаза прават пустина.
*
Дали вештачката интелигенција ќе посака и вештачки луѓе?
*
Со дивеење не се стигнува до владение на правото.
*
Гаранцијата за еден не смее да биде несреќа за друг.
“Д-р Хаџи-Васков”