Велески е во Романија

Шах

Европско поединечно шаховско првенство се одржува во Ефорие Норд, во близина на Констанца (Романија). Учествуваат 40 држави со 375 шахисти. Што се однесува до Македонија, претставена е со ИМ Филип Панчевски и ИМ Емил Ристески од Скопје, ИМ Тони Лазов од Неготино и ФМ Роберт Велески од Прилеп.

Прилепскиот фидемајстор на стартната листа беше на 309. место. На првите две партии не се покажа според желбата, загуби од ИМ Тобиас Коел од Германија и од ФМ Јахим Смолик од Чешка. Но, веќе во третата партија постигна победа над Роман де Винтер од Белгија, а со Умид Асланов од Азербејџан одигра реми. За петти противник му беше одреден ФМ Роберт Настасе од Романија. Предвидени се вкупно 11 кола.

Високото ниво на првенството се гледа по бројот на велемајстори – 102.

Loading