В болница
Во одделот за урологија в болница, успешно беше извршена ендоскопска интервенција трансуретрална ресекција (ТУР) на мочен меур, користејќи го новонабавениот, високо софистициран медицински апарат, кој претставува важен исчекор во уролошкото лекување. Уредот овозможува прецизна, минимално инвазивна хирургија, со што значително се намалува постоперативниот ризик, времето на опоравување на пациентите и потенцијалните компликации.
– Со интервенција, не само што демонстриравме професионална стручност и технолошка подготвеност, туку и уште еднаш ја потврдивме нашата посветеност кон унапредување на квалитетот на здравствените услуги. Продолжуваме со континуирано унапредување на медицинските услуги и обезбедување на што повисок стандард во здравствената грижа за сите наши пациенти – информираат од болницата.
Интервенцијата ја спроведе стручниот тим уролози, д – р Гоце Нинески и д – р Трајче Јанкулоски, во соработка со специјализантот Димитар Темелковски, мед. сестра имструментарка Македонка Мечева, а под внимателно менторство на проф. д – р Сашо Дохчев.