Фудбал
На редовното изборно генерално собрание на Фудбалската федерација на Македонија беше изгласан новиот состав на Управниот одбор. Според најавите, во него е Марјанчо Стојковски – Манта, претставник на ОФС Прилеп. Тој и претходно беше во фудбалската влада. Без прекин таму е 13 години, од 2012 година. Новото сега е во тоа што ја има и функцијата потпретседател на ФФМ, каде претседател е Масар Омерагиќ од Скопје.
Во УО на ФФМ има и други претставници од Скопје (Владимир Гашевски, Дарко Костовски, Светозар Станковски, Игор Франговски),, како и од Тетово (Агим Ибраими), Велес (Славе Костов), Битола (Златко Талевски), Гостивар (Берат Исмаили), Кавадарци (Сашко Тасев), Кочани (Станко Манчевски), Кратово (Добре Иванов), Куманово (Борче Лазаревски Абдула Сакипи), Пробиштип (Горан Гаврилов), Ресен (Ѓорѓи Угриновски), Струга (Џевад Дибрани) и Штип (Димитар Џонов).